Осуммината независни пратеници по средбата со Ципрас: Ни честиташе за нашата визија и храброст!

981

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретна и со осуммината независни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

„На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.

Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ“, се наведува во соопштението од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...