– Најчесто гори сува трева и стрниште. Можам да кажам дека во текот на изминатите годините не сме имале толку голем број пожари во октомври- изјави Илиевски.
Според нивните податоци, лани во октомври имало вкупно 25 пожари. Од почетокот на овој месец, досега нивните екипи постојано се на терен, некогаш интервенирајќи и по десет пати за едно деноноќие. И покрај големиот број на пожари, успеваат да одговорат на предизивиците.
– Делуваме во поширокиот регион, Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во неколку пожари кои беа предизивикани од палење на сува трева и стрниште беа зафатени и викендици и помошни простории- изјави Илиевски.
Пожар предизивикан од палење стрниште се случил вчера и кај археолошкиот локалитет Градиште во Младо Нагоричане, информираа арехеолозите од кумановскиот Музеј кои почнаа со истражувања на локалитетот.
Информацијата ја потврди и директорот на установата, Богдан Таневски. Археолозите велат дека пожарот избувнал во нивите под локалитетот, но поради правецот и силината на ветрот, брзо се проширил и ги зафатил двата рида на кои работат археолозите. Тие раскажаа дека пожарот многу брзо се проширил, па морале да се евакуираат пеш по стрмните ридишта, бегајќи накај реката.