Осудено лицето кое ги злоупотребило личните податоци на бодибилдерот Зафиров на социјалните мрежи

Пресудата е минимална. Планирам да тужам и приватно, бидејќи за целото време беше нарушен мојот углед и мојата кариера, кои ги градам целиот живот. Се надевам дека казната ќе биде многу поголема, додаде Зафиров.

4964

Условна казна од три месеци доби лицето кое ги злоупотребило личните податоци на државниот шампион на Македонија во бодибилдинг, Тоше Зафиров.

– Веќе подолг период некој влегуваше во моите профили на социјалните мрежи, а паралелно беа направени исти како моите, при што максимално се злоупотребуваа
од лицето кое сега е осудено. Тоа пишувало на многу мои блиски, на пријатели и на нивните сопруги, на вработените во мојата теретана. Во повеќе наврати појаснував дека се работи за лажни профили и оти јас немам ништо со тоа – рече Зафиров за Плусинфо.

Тој појасни оти во соработка со одделот за информатички криминал на МВР, подолг период лицето било следено, а во соработка со Јавното обвинителство, истото било пронајдено и осудено на три месеци затвор.

– Пресудата е минимална. Планирам да тужам и приватно, бидејќи за целото време беше нарушен мојот углед и мојата кариера, кои ги градам целиот живот. Се надевам дека казната ќе биде многу поголема – додаде Зафиров.

Познатиот бодибилдер порача ова да им биде пример на сите оние кои си играат со туѓите животи, бидејќи како што вели, еден ден правдата ќе ги стигне.

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо изјавија дека во 2018 година, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувал по 67 пријави за злоупотреба на лични податоци.

– Доколку се пронајде сторителот, односно се докаже сторувањето на ова дело, се поднесува кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...