Осудени опозициски пратеници поради судир со колеги во Црна Гора

59
Пратеникот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ) Милан Кнежевиќ е осуден на четири месеци домашен притвор, а неговите колеги Марина Јочиќ, Бранко Радуловиќ и Милутин Ѓукановиќ на условна казна поради насилно однесување со пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) пред две години во Собранието на Црна Гора.

Тоа е првостепена пресуда, со можност за жалба.

На 15 февруари 2017 година, откако беше укинат имунитетот на пратениците Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, тие влегоа во Собранието на Црна Гора и ги нападнаа пратениците на ДПС, навредувајќи ги и туркајќи ги, а имаше и туркање пратеници од ДФ, како и полицијата.

Од ДФ претходно соопштија дека сметаат дека процесот е „политички монтиран“.

Тоа време тие ја бојкотираа работата на Парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...