Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов во петокот, кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појавил во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство, потврдил за МКД.мк директорот Боби Мојсовски.
Првиот човек на најголемиот затвор во државава вели дека уште во понеделникот се обратиле до судот во Штип и до Управата за извршување на сакнции и ги известиле дека осудениот Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври кога му завршувал рокот за оправданиот прекин.