Осудениот Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена, избегал од Македонија со бугарски пасош.
Во Основниот суд Скопје 1, според СДК, направиле проверка и го нашле македонскиот пасош на Дамчевски во депото во судот.
„Дамчевски имал одредено мерка за обезбедување присуство, односно поради опасност од бегство и таа мерка воопшто не му била укината до правосилноста на пресудата и потоа, таа е во сила и денеска. Минатиот месец судија за извршување на санкциите му напишал и упатен акт за издржување на двегодишната затворска казна“, велат од Кривичниот суд.
Либертас, пак објави дека, судот, преку допис кон предметот бил информиран дека Дамчевски има бугарски пасош.