Осуда за нападот на докторот во Тетово од Синдикатот на Клинички

Очигледно е дека докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи се недоволно заштитени, и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност која не ја посакуваат и не е по нивна вољa, наведуваат оттаму.

106

Синдикатот на Клинички центар го осудува физичкиот напад врз докторoт дерматовенеролог вработен во Клиничката болница во Тетово и му посакува добро здравје и брз опоравок, стои во нивното соопштение.

– Овој дрзок и брутален напад извршен во присуство на органите на јавен ред и мир
укажува дека и покрај сите декларативни изјави, Повелби и Декларации потпишани и
искажани во изминатиот период со цел ваквите инциденти да се спречат или станат
изолирани појави, истите и понатаму продолжуваат и се со зголемен интензитет и честота. Очигледно е дека докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи се недоволно заштитени, и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност која не ја посакуваат и не е по нивна воља. Според Синдикатот на Клинички центар, она што недостасува е превентивата, која е минимална, а во голем број ЈЗУ и во целост недостасува – наведуваат оттаму.

За тоа што да се превземе за спречување на насилство во здравството, Синдикатот на Клинички центар „за цело време во изминатиот период укажува на потребата од изготвување законска регулатива која ќе го обврзе работодавачот да обезбеди систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството“.

– Што подразбира таков систем:
1. Унапредување на здравствената и општа култура на населението.
2. Почитување на етичкиот и морален кодекс од страна на здравствениот и друг
персонал.
3. 24 часовно професионално обезбедување на сите ЈЗУ во Република Македонија со
контролиран и ограничен пропуст на цивили и членови на фамилија, слично како во
приватните болници.
4. 24 часовен централен видео надзор на влезовите, излезите и поедини простории во
објектите на ЈЗУ со почитување на законските и други прописи и норми за заштита на
личните и други права на пациентите и вработените.
5. Останати методи и мерки кои ќе превенираат насилство – се наведува во соопштението.

Синдикатот на Клинички центар е „подготвен заедно со Ресорното Министерство, Лекарската комора и другите комори и здруженија во здравството, Македонското здружение за заштита при работа и други релевантни чинители, преку стручни состаноци, јавни дебати и други постапки да учествува во изнаоѓање најсоодветно решение за сузбивање на вербалното и физичко насилство во здравството, кое со законска регулатива ќе го обврзе работодавачот да обезбеди превентивен систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...