„Островот на љубовта“ продолжува и покрај самоубиствата на учесници

Ова шоу е доста популарно во странство, своја верзија има во Австралија, Белгија, Холандија, Данска, Финска, Германија, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД.

239
ФОТО: Ај-Ти-Ви

Петтата сезона од британското шоу „Островот на љубовта“, во кое среќата си ја бараат разочарани лица, ќе започне на трети јуни.

Според Википедија, откако Ај-Ти-Ви соопшти дека „The Jeremy Kyle Show“ повеќе нема да се емитува поради самоубиството на гостинот Стив Димонд, имало повици да го нема и шоуто „Островот на љубовта“. Причини за ова биле самоубиствата на претходните учесници, Софи Градон и Мајк Таласитис, како и тоа колку му се дава важност на обликот на телото.

Би-Би-Си пренесува дека ова шоу ќе има нови правила, вклучувајќи и одење кај психолог пред, но и откако учесниците ќе се појават на екраните.

Ова шоу е доста популарно во странство, своја верзија има во Австралија, Белгија, Холандија, Данска, Финска, Германија, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД.

ФОТО: Ај-Ти-Ви

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...