Остануваат уште 20 минути до војна

1728

Известија – Москва

Политичари од некои држави што се граничат со Русија, во последно време се понагласено ги канат американските војници на нивна територија. Желба за отворање на постојани американски бази на нејзина територија изрази Варшава, а по провокацијата во Керченскиот Теснец – и Киев.

Имајќи ги предвид најавите на Американците дека планираат да се повлечат од Договорот за ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), таквите покани би можеле да имаат критично значење.

Денешната безбедност на Европа е гарантирана едноставно поради немањето оружје кое би било способни за кусо време да ги погоди индустриските и политичките центри на европските држави. Во такви услови сега секој може на своите граници да отвори американски бази без да стравува за себе.

„Радиусот на војната“ изнесува 500 километри, колку што е дострелот на руските ракетни системи „Искендер“. Во таков случај заложници стануваат балтичките држави кои се покажаа како неспособни да мислат два чекори однапред. Нив како воопшто да не ги вознемирува што целите нивни територии се цел на оперативно тактичките ракети.

Ако ИНФ престане да важи нема да постојат безбедносни гаранции за ниту еден регион во Европа во кое има американско присуство. Со појавата на ракетите со среден и краток дострел, во случај на конфликт, можат да бидат извршени напади врз цели на растојание од илјадници километри.

Во таков случај ако американски бази бидат отворени во Полска и во други источноевропски држави ќе можеме „да бидеме среќни“ за Американците, бидејќи ќе добијат нови платформи за лансирање. Притоа треба да се знае дека на нишан ќе бидат жителите на тие држави и секоја од нив може да стане потенцијална нуклеарна пустина.

Тука ќе напоменеме дека ракетите со среден и краток дострел отсекогаш можеле да носат големи боеви глави, дури и со моќни термонуклеарни полнења. Тоа се боеви глави, кој во случај на војна за кусо време би можеле да уништат заштитени командни позиции, економски центри и системи за управување.

Оние источноевропски држави кои на своите територии имаат вакви американски ракети, самите се доведуваат во опасност. Политичарите кои постојано ги повикуваат американските војници во нивните држави, потенцијално го изложуваат своето население на нуклеарен дожд. Во таков случај мирните жители на тие држави стануваат заложници.

Безбедноста на САД меѓутоа ќе остане на истото ниво. Американците имаат големо искуство во решавање на глобалните проблеми на сметка на Европа. Така распоредувајќи ракети со среден и мал дострел на нејзина територија, тие ја прават Европа цел на можен нуклеарен напад.

Распоредувањето на американските ракети со среден и краток дострел крај границите на Русија го доближи светот на „40 минути до состојба на војна“. Тоа е време што е доволно да се провери веродостојноста на увидената закана и да се блокира употребата на сопствените стратешки сили, доколку заканата е случајна, на пример, поради компјутерска грешка.

Но, ако САД се повлечат од договорот ИНФ, а државите што се граничат со Русија им дозволат на Американците да распоредат ракети со среден дострел на нивна територија, светот ќе премине во состојба на „20 минути до војна“. Тоа е период во кој нема доволно време да се процени веродостојноста на заканата. Соодветно на тоа, секој сигнал за закана од другата страна ќе се третира како реална и ќе ги повлече сите последици што ќе произлезат од тоа.

Разумните политичари во западните земји ја согледуваат опасноста од заканата што би им ја донеле американските бази во случај на откажувањето на САД од ИНФ. Во 80-тите години од минатиот век во Европа се разви масовно мировно движење, при што стотици илјади лица излегоа на демонстрации и извршија силен притисок врз тогашниот Советски Сојуз и САД за постигнување договор за овие ракети.

Денес меѓутоа не е јасно во каква состојба е западното општество и дали неговите политичари се способни да ги проценат заканите. Тоа особено се однесува за т.н. млади Европејци – политичарите од Источна Европа.

Опколувањето на Русија со воени бази е одамнешна стратегија на САД. НАТО одби да преговори во врска со ова прашање со образложение дека станува збор за внатрешна работа. Но, појавата на нуклеарни ракети со среден и краток дострел принципиелно ги менува работите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...