Остана уште загрозениот од сведоците на обвинителството за 27 април

950

Вкупно 36 сведоци предложени од обвинителството беа сослушани на досегашните рочишта за крвавиот четврток во Собранието, а за сослушување остана уште загрозениот сведок кој ќе сведочи 16 октомври.

Денеска, како што информиравме во текот на денот, беа сослушани тројца сведоци. Последниот беше вработен во фирмата која ги инсталирала камерите во Собранието.
Истиот сведок даваше исказ и на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април.

Тој кажа дека откако по наредба на јавен обвинител се влегло во мониторинг собата во Собрание, било констатирано дека недостасуваат два хард диска.

– По наредба на јавен обвинител претпоставеноот нареди да одиме во Собранието. Вратата на мониторинг собата беше запечатена и не чекаа да дојдеме и ние за да влеземе и да видиме во каква состојба е. Влеговме, имаше два компјутери кои не функционираа. Еден од началниците ни рече да провериме зошто не функционираат и да ја уклучиме целата опремата. Кога ги уклучивме се констатираше дека во комјутерите кои се за следење на снимачите недостасуваат два хард диска. Потоа пристапивме на вадење на снимките од „дигитал видео рикордер”. Ни донесоа усб-стикови. Ни кажаа од која до која дата да ги извадиме снимките, стиковите ги предадовме на овластени лица – рече сведокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...