Оставка од личната секретарка на Трамп, дала детали од неговиот живот

Таа се обидела да преземе нови ангажмани во Белата куќа, но нејзините потези предизвикале незадоволство од други вработени. Таа на новинари во Њу Џерси им раскажала на новинари детали од животот на претседателот, но без да ги предупреди да не прават снимки.

441
ФОТО: МИА

Личната секретарка на американскиот претседател Доналд Трамп, Медлин Вестархаут поднесе оставка. Таа се одлучила на тој чекор откако Трамп дознал дека Вестархаут на новинарите им кажала детали од неговиот живот, јави Си-Ен-Ен.

Вестархаут работеше за Трамп од почетокот на мандатот и канцеларијата и беше спроти Овалната соба, но немала право да открива детали за личниот живот на претседателот.

Таа се обидела да преземе нови ангажмани во Белата куќа, но нејзините потези предизвикале незадоволство од други вработени. Таа на новинари во Њу Џерси им раскажала на новинари детали од животот на претседателот, но без да ги предупреди да не прават снимки.

– Во ниту еден период од историјата на нашата држава медиумите не биле толку лажливи, изопачени и корумпирани – напиша Трамп на Твитер во средата.

Пред да се приклучи на администрацијата на Трамп, Вестерхаут беше помошничка на шефот на Републиканскиот национален комитет Кејти Волш, која подоцна стана постар советник во тимот на Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...