Оставка од баџанакот на Талат Џафери, веднаш, најдоцна до 22.00 часот!

Барам луѓето кои ги интервјуираа кандидатите за членови на оваа комисија веднаш да ѝ се извинат на јавноста за својот пропуст. Тие морале да утврдат дека Бајрами е баџанак на Џафери и да го дисквалификуваат од трката.

8613

До вечерва до 22.00 часот, очекувам Нури Бајрами, баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери, да си поднесе оставка од функцијата член на Антикорупциската комисија, на која беше избран денеска.

Ништо, апсолутно не значи тврдењето на Бајрами дека немало да потклекне на никакви притисоци и дека ќе се борел против секаков вид корупција.

Конфликтот на интереси не е фактичка ситуација, тој е претпоставка. Кога постои таква претпоставка, ваквиот избор е нелегитимен.

Непотизмот е цврста основа за таква претпоставка. Накусо, во случајов, Нури Бајрами не смее да биде поставен на ниту една важна државна функција, а јас би додал – најмалку да биде член на Антикорупциската комисија.

Ова е подло, безобразно, ниско!

Барам луѓето кои ги интервјуираа кандидатите за членови на оваа комисија веднаш да ѝ се извинат на јавноста за својот пропуст. Тие морале да утврдат дека Бајрами е баџанак на Џафери и да го дисквалификуваат од трката.

Другарки и другари, дами и господо, побрзајте со единствената прифатлива реакција, за да го намалите срамот! Оставка!!!

Да не биде после пак да ни објаснувате дека Македонија била мала држава… Претеравте, ептен претеравте!

Нулта толеранција за корупцијата! Сега и веднаш!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...