Голема грешка е оваа граѓанска, бизнис, медиумска наива дека сме достигнале ниво на демократичност каде работите сами ќе се одвиваат најдобро што може, па слободно можеме да дигнеме раце од критиката и малкумината кои ја практикуваат, кои создаваа простор за истата, принципиелно го бранеа слободниот говор и информираноста.
Оставката на Героски е лош сигнал, не толку на недемократичност, колку на новоизрасната лигавост, некарактерност, немање меморија и атрибути, критички да се соочиме со мааните и недостатоците на оваа власт, умрена на сите да им се допадне.
Се потврдува по којзнае кој пат, и на сите еден ден ќе им се удри од грбот, биле доблесни или не: тој што дава од себе повеќе од тоа што општеството или бизнисот го бараат, тој што знае да ги вреднува повеќето страни на приказната, трага по целовитост и има отвореност за различности, кога тогаш, останува сам.
Поточно, сите остануваме сами, прашање е само со каква позадина и со каков образ.
На шеесет и нештоте советници на премиерот, на целата Влада и на нивните сомнителни медиуми, на општата заљубеност, лигавост и откажаноста од критиката и мозок на социјалните мрежи, преку Слободен секојдневно имавте, на едно место, собрани неколку луѓе со поинаков став, нешто да ве дрмне и освести понекогаш.
Сега ќе го немате тоа повеќе, ќе мора да ја држите таа лажна насмевка и подолго од што треба, додека не прерасне во гримаса, па во тик, па во намрштеност, во болка во тилот, дека некоја слобода на мислата повторно е изгубена.
(ФБ статус на авторот)