Осомниено лице за убиство во Кичево, заедно со албански државјанин, сакало да ограби и да силува вработена во обвложувалница во Струга. Против двете, денеска струшкото обвинителство поднесе обвинителен акти за делата разбојништво и силување.
„Настанот се случил на 31 декември 2018 година кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие првин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот“, наведуваат од обвинителството.
Против македонскиот државјанин, се води и постапка за убитво, кое тој го извршил на 29 декември 2018 година во угостителски објект во Кичево каде со нож го убил газдата на објектот.