Осомничениот за нападот врз Адамович извикал оти невин лежел во затвор

156

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, кој синоќа е избоден додека стоеше на бина за време на хуманитарен собир, е во тешка здраствена состојба.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека „лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и оти постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка“.

Според полската телевизија ТВН, 27-годишниот маж кој е осомничен за нападот  од бината извикал дека невин лежел во затворот додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович.

Адамович (53) е градоначалник на Гдањск од 1998 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...