Основките од „Петар Поп Арсов“ шампионки во одбојка

778

Со вкупен резултат од 2:0 во сетови ( 25:22; 25:15), во финалниот натпревар одигран во малата сала на Спортскиот центар „ Борис Трајковски“, одбојкарките од ООУ  „Петар Поп Арсов“ ги победија основките од ООУ „ Владо Тасевски“ во големото финале, и со тоа станаа овогодинешни одбојкарски шампионки во општинските училишни лиги.

Претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, им го подели победничкиот пехар на шампионките, и медалите и дипломите на останатите најдобропласирани екипи. Најкорисен играч во оваа натпреварувачка сезона е Николина Наумова од „Петар Поп Арсов“, а најталентирана ракометарка е Ивона Божиновска од „Владо Тасевски“. Најдобар играч за оваа година е одбојкарката Ива Чадиковска од „Владо Тасевски“. Бронзениот медал го освоија одбојкарките од „Димо Хаџи Димов“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...