Основачот на Алибаба смета оти треба да се биде спремен за 12-часовна работа дневно

700
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Основачот на Алибаба, Џек Ма ја поддржа кинеската работна практика „911“, со која работното време трае од 9 до 21 часот, шест дена во неделата.

Неговите коментари наидоа на критики на социјалните мрежи.

Тој потоа искоментирал оти не сакал да ја брани оваа практика, ами само да ги пофали работниците кои ова не го сметаат за проблем.

Ма истакнал оти секој кој сака да работи во Алибаба мора да биде спремен да работи 12 часа дневно.

– Во спротивно, не треба да ни се придружувате. Не ни недостигаат лица кои сакаат удобно да ги одработат своите осум часа – кажал тој.

ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...