Османи: Ќе имаме слободни, фер и веродостојни претседателски избори

106

Досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата на ОБСЕ во земјата го даде во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, се од голема полза за Република Македонија, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

– Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претстојните претседателски избори, имајќи предвид дека наш приоритет се слободни, фер и веродостојни претседателски избори – нагласи Османи, посочувајќи и на останатите реформи што ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската комисија во април.

Од прес-службата на СЕП соопштуваат дека во оваа насока Османи изрази задоволство од изгласувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси што ќе придонесе во постигнувањето на поефикасна превенција и борба против корупцијата, a истовремено изрази задоволство што со истиот се зајакнува и ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата, чиј нов состав ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

Соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта што Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Република Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори итн.

На средбата станало збор, исто така, и за актуелните предизвици: за имплементација на Планот 18, подготовката на придонесот на земјава кон извештајот на Европската Комисиија, како и за сите останати активности поврзани со конечното остварување на стратешките цели на Република Макеоднија членството во ЕУ и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...