Работата на медиумите и заштитата на слободата на јавното изразување претставуваат важни области каде сѐ уште ни е потребен напредок за да ги задоволиме европските стандарди и да создадеме капацитет за справување со современите предизвици на лажните вести, ширењето на говрот на омраз, рече вицепремиерот Бујар Османи по средбата во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со директорот, Зоран Трајчевски.
– Имаме шанса во периодот што претстои да создадеме фер и компетитивна атмосфера во која ќе се одржат претстојните претседателски избори, и со тоа да покажеме демократска и општествена зрелост, која ќе биде нотирана во Извештајот на Европската Комисија, а од чија содржина, пак, ќе зависи и конфирмацијата на одлуката на земјите – членки на јунските самити, за почеток на преговори со ЕУ оваа година“ – истакна Османи, посочувајќи на уверувањето кое го добил од членовите на АВМУ, како и од Директорот Трајчевски, за капацитетот, подготвеноста и одлучноста на Агенцијата да обезбедат фер и натпреварувачка атмосфера за време на кампањата.
Османи ја реафирмираше и подготвеноста на Владата за соработка во насока на обезбедување на сите предуслови и обврски поврзани како со работата на Агенцијата, така и воопшто врзани за областа на медиумите.