Османи: Успеавме, Македонија неповратно се движи кон членство во ЕУ и од овој пат враќање нема

385

Навистина ова е моментот кој долго време го чекаме, за кој внимателно се подготвуваме, и за кој, со својот придонес се имаат вградено сите поранешни влади, кои ги претставуваат сите поважни политички фактори во земјата. Дозволете денес, на вториот ден од скрининг процесот да констатирам – успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во Европската Унија и од овој пат враќање назад нема, изјави вицепремиерот Бујар Османи на заедничката прес- конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан им се придружи на претставниците на Република Македонија и Европската комисија на вториот ден од работниот состанок за објаснувачки скрининг за Македонија и Албанија за подготовка на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Османи потенцираше дека наскоро очекува македонскиот јазик да се приклучи на останатите официјални јазици на Унијата, а и затоа што вчера и денес Република Македонија испишува историја.

Тој истакна дека големата владино – државна делегација учествува на работни средби со претставниците на Европската комисија каде прецизно и детално се прегледува Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права како дел од последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите.

Османи и се заблагодари на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, на Еврокомесарот Хан како и на администрацијата на Европската комисија, пред се ГД НЕАР предводен од Кристијан Даниелсон и Геновева де Руиз Калавера за упорноста и несебична посветеност да и помогнат на Македонија да ги премости своите предизвици кон интеграцијата во ЕУ.

Вицепремиерот истакна дека „овој денешен успех претставува остварување на историскиот сон на сите Албанци од Македонија.“

Османи посочи дека Република Македонија ќе го одржи реформскиот импулс, спроведувањето на билатералните договори и обезбедување на високи капацитети за процесот на скрининг и преговори. Конечно, им порача на претставниците на Европската унија дека Македонија ќе остане посветена на европските вредности и ќе вложи напори кон создавањето на безбедна, постабилна и обединета Европа, Европа која штити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...