Османи: Ти си срам за државата, Каракамишева: Те чекам во Венеција

3167

Вицепремиерот Бујар Османи и членот на Венецијанската комисија Тања Каракамишева отворија вербална војна преку социјалните мрежи за законот за употребата на јазиците. Османи и порача дека таа е срам за државата, а Каракамишева го праша чии интереси ќе брани, на сите или само албанските.

Венецијанската комисија излезез со забелешки за Законот за јазиците. Според Комисјата, Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена. Во мислењето се вели и дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Османи преку Фејсбук најави дека предлогот на Венецијанската комисија составена од претставници од околу 60 земји денеска попладне ќе го разгледа законот за употреба на јазиците.

– Ќе го аргументирам ставот дека употребата на двојазичноста на банкнотите и на униформите е пракса во некои земји од светот и дека тоа е здраво и за нашата земја. Аргументите за потребата од законот, за конкретните законски норми и неговото спроведување се направени во координација со локални и регионални експерти.
Изразувам почит за досегашната соработка и работата на комисијата, но разочарување за деструктивната позиција и улогата на претставничката од Северна Македонија во Венецијанската комисија – напша Османи.

Тој постот го завршува со поезија:

– Нашиот јазик колку е добар! Колку е сладок, колку е широк! Колку е лесен, колку е слободен! Колку е убав, колку е вреден! – пишува вицепремиерот.

Османи и претставничката во Венецијанската комисија Тања Каракамишева социјалните мрежи ги искористија за меѓусебна кавга за законот за јазиците.

Вицепремиерот  во реобјава на пост на Каракамишева коментира дека „лице со шовинистички погледи ја претставува нашата земја во Венецијанската комисија. Каков срам за државава и за комисијата“.

Каракамишева на својот Фејсбук профил му порача на вицепремиерот дека го чека во Венеција и дека водата е повлечена. Каракамишева го праша вицепремиерот чии интереси ќе брани.

– Пред седницата на Венецијанската комисија те предизвикувам да и одговориш на јавноста чии интереси ќе ги застапуваш денес? На сите нас или само на Албанците?Пред извесно време ме навреди дека сум шовинист…јас вчера на Поткомитетот зборував за доброто на Македонците и на сите малцинства во земјата, а ти денес, за чие добро ќе зборуваш? – напиша Каракамишева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...