Османи: СПД со огромно мнозинство одобри поддршка за старт на преговорите

117

Нова, охрабрувачка порака денес ми пренесе Кристиан Петри, дека и пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување на одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ, истакна вицепремиерот Бујар Османи, кој престојува во работна посета на Берлин.

На средбата, Османи и Петри разговара за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, за која на утрешната седница на Бундестагот ќе се донесе конечна одлука.

Османи во Берлин ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на Македонија на Самитот на ЕУ во октомври. Домаќин на Вицепремиерот Османи за време на посетата на Берлин ќе биде Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...