Република Северна Македонија е новата реалност на Балканот, земја која нема поголеми отворени прашања, со стабилни меѓуетнички односи и внатрешна кохезија, која е веќе дел од регионалната иницијатива за промоција на европските правила, стандарди и вредности низ целиот регион, со крајна цел да се обезбеди трајна стабилност на Балканот рече вицепремиерот Бујар Османи, по средбата со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Добран Божич.
Пред средбата со Божич, Вицепремиерот Османи оствари и средба со Програмската директорка на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај со која, покрај евроатлантските интеграции, беа отворени и темите поврзани со справувањето со мигрантската криза, напливот на фундаментализмот, како и бората за справување со ширењето на лажните вести со кои се соочува регионот.