Османи: Решението за името сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО

143

Решението на спорот за името е сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО, доколку продолжиме со ова темпо на имплементација на реформите. Но она што го добиваме за возврат е многу поважно за идните генерации – мир, стабилност, економски просперитет, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во емисијата 24 анализа на ТВ24.

Оцени дека односите меѓу Македонија и Грција се подобри од било кога во минатото, и сега се прават обиди за лоцирање на проблемите.

– Имаме секојдневна комуникација, обид за отворен проистап, обид да бидеме внимателни процесот да го држиме на маса, не преку медиуми. Јас сум еден од нјаоптимистите во процесот. Сметам дека сме го поминале врвот на планината и одиме надолу. Мој впечаток е дека работите одат во добар правец, добар дел од сензитивните прашања се условно надминати – оцени Османи.

Тој смета дека треба да се издвои суштината, од формата на процесот на преговори.

– Не влегувам во детали кое име, каква придавка, мора да ја издвоиме суштината од формата на процесот. Суштина за мене е како ќе се вика државата, јазикот, државјаноството, начинот на апликација е форма, рамка. Мој впечаток е дека има се помалку разлики во суштината на проблемот. Не смееме заради форма да го ризикуваме тоа што е постигнато во суштината – вели Османи.

На прашањето доколку се менува Уставот при промена на името, Османи вели дека важно за него е Македонија да успее како држава, прво преку членство во НАТО и процесот на европеизација на општеството, да се зголеми стандардот, економијата, мирот и безбедноста, според него, треба да бидат поважни за граѓаните и за идните генерации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...