Прерано е да се каже кој ќе биде исходот, но сметам дека се последните метри на еден 25 – годишен маратон а обично последните метри се најкритични коишто можат да го утврдат исходот во позитивна или негативна насока, изјави вицепремиерот Бујар Османи.
– Волја кај двете страни за затворање на спорот има. Има активен ангажман на сите нивоа во двете влади. Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи коишто ги искажуваат страните во разговорите. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат и се обидуваат да го олеснат спорот, Сметаме дека е идеална прилика да се затвори прашањето бидејќи ќе ни го отвори процесот за НАТО, за преговори за ЕУ но, барам разбирање да бидеме внимателни во овој период оти во критичните чекори многу лесно е да се изместите. Да бидеме внимателни да чекаме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови – изјаво Османи.