Вицепремиерот Бујар Османи по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи и европски прашања, Јоргос Катругалос се качи на првиот лет Атина – Скопје.
Од Скопје до Атина, и обратно, летот ќе трае 1 час и 15 минути.
По пауза од 10 години, на скопскиот аеродром денеска попладне ќе биде одбележано повторното воспоставување на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“.