Стево Пендаровски е вистински консензуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.
Османи од централниот митинг во Скопје на присутните им се обраќаше паралелно и на албански и на македонски јазик.
Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.
– Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати. Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња – рече Османи.