Османи: Патот кон Европа не е само техничко штиклирање во документ, туку вредност ВИДЕО

107

Од вчера сликата за Европа на Македонија нѝ е многу блиска. Не само заради тоа што 28 лидери ставија печат на поддршка на влезот на Македонија во ЕУ, туку затоа што ние имаме заеднички вредности со ЕУ, патот кон Европа не е само техничко штиклирање во документ, туку вредност, порача вицепремиерот Бујар Османи на средба со младите во Струга на трибината „Млади МК-ЕУ, можности без граници“.

Вицепремиерот зборуваше за вредностите на Европската Унија кон чиешто достигнување треба да целиме, а ефектите директно ќе влијаат на подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а посебно на младите.

– Европа не е само форма туку идеја. Европа е нашиот идентитет и наша заедничка вредност којашто нѐ обединува. Сѐ почнува од вашата идеја и сѐ што правиме е за доброто на вашата иднина – порача вицепремиерот Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...