Османи: Ни треба поддршка во ширењето на европската приказна на Балканот

112

Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех, изјави вицепремиерот Бујар Османи по средба со претставниците од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристијан Хелбах и Томас Осовски кои се во работна посета на земјава.

– Во периодот кој ни претстои неопходна ни е поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме  европскиот скептицизам преку конфирмација на одлуката за отпочнување на преговорите со Република Северна Македонија на јунските самити на Европската Унија- истакна Османи.

Вицепремиерот се осврнал на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, при што посочил на континуитет на реформскиот процес преку конкретен напредок во клучните реформски области – правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ќе претставуваат основа за овогодинешниот извештај на Европската Комисија, а воедно изрази и уверување дека истиот по квалитет ќе го замени минатогодишниот.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...