Вицепремиерот Бујар Османи вели дека Македонија ќе добие датум за преговори оваа година, но оти е подобро тоа да биде во јуни, а не во октомври поради тоа што има парламентарни избори во Грција.
Тој вели не е прашање дали ќе започнат преговорите годинава, туку дали тоа ќе биде летово или во октомври, и дека тоа ќе биде тема на средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел следната недела.
За мандатот на Владата, вицепремиерот посочи оти тоа ќе се знае по средбата на Заев и Меркел.