Османи: Неколку години се шпекулира, драго ми е што е отворена истрагата

324

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека како министер за здравство секогаш работел согласно законот и во интерес на граѓаните на Република Македонија и дека очекува да се расчистат сите дилеми по однос на некакво негово вклучување во сомнителни злоупотреби во Министерството за здравство.

– Мојот личен став и партискиот став е целосна поддршка на работата на Обвинителството. Неколку години демнеат овие шпекулации во врска со некакви сомнителни злоупотреби во Министерството за здравство. Јас бев еден од тие што инсистирав на истрага, ако ги следите моите јавни настапи отсекогаш сум барал што побрзо да се отвори истрага, бидејќи навистина нема потреба да стои постојано како дамка, евентуално сомнеж за моето работење – изјави денеска, вицепремиерот Османи во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со истрагата на СЈО во нов предмет против повеќе лица, меѓу нив и за него како тогашен министер за здравство.

Османи истакна дека и тој и неговата партија веќе побарале целосна истрага за нивните функционери од 2002 година, па наваму.

Тој посочи дека му е драго што конечено е отворена оваа истрага, чија улога како што речее да ги утврди и фактите. Во контекст на тоа, Османи додаде дека очекува Обвинителството побрзо и што поефикасно да заврши со истрагата.

Тој нагласи дека како министер за здравство донел стотици, илјадници решенија за бројни проекти кои, како што додаде, сѐ уште ги користат граѓаните.

– Јас видов во тоа што можев да прочитам и одреден превид. Понудата е 20 милиони поевтина, а не поскапа отколку второрангираната, меѓутоа, сепак ќе оставам што побрзо СЈО и институциите да ги расчистат овие факти, а јас стојам на располагање во секое време. Жал ми е што претходно не сум бил поканет, пред да биде споменато моето име за да можам да ги кажам фактите, меѓутоа во најголема политичка морална или каква било друга одговорност, можам да потврдам дека апсолутно нема никаква девијација од законите при сите постапки во Министерството за здравство – рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи рече дека изминативе години слушал секакви шпекулации и  додаде дека негова интенција е да се отвори истрагата, оти не отстапувал од законот.

– Не можам да прејудицирам, СЈО има обврска да отвори истрага за секој сомнеж, за секој прислушкуван разговор, мој личен интерес беше што побрзо, бидејќи две, три години слушам секакви шпекулации мое инсистирање беше што побрзу да се овори истрагата и да се констатираат фактите. Јас сум убеден дека фактите, можам и во кој било момент да ги приложиме, дека апсолутно нема никакво отстапување во ниту една буква од законот во која било постапа во Министерство за здравстви – рече Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...