Османи направи инспекција на двојазичните табли низ институциите (ВИДЕО)

1607

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во саботата на својот профил на Фејсбук објави видео на кое е снимен како ги проверува двојазичните табли на институциите во Скопје.

Османи забележа дека на Агенцијата за администрација таблата е само на македонски јазик, па веднаш му се јави на директорот.

– Бујар Османи е на телефон, како сте директоре? Сакав да те прашам, тука сум пред институцијата, гледам дека таблата е еднојазична. Каков е планот за менување? Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите. Подобро е што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комунициравте со Агенцијата за јазици? За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово – му вели Османи на директорот на Агенцијата за администрација преку телефон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...