Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е назначен за главен политички преговарач и шеф на делегацијата за преговори со ЕУ во скриниг процесот, објави премиерот Зоран Заев по денешната владина седница на која присуствуваше и еврокомесарот Јоханес Хан.
За технички односно, заменик на Османи е назначен советникот на Заев, Бојан Маричиќ.
Уште еден заклучок кој бил донесен на седницата е Секретаријатот за европски прашања во координација со кабинетите на Заев и на министерот за надворешни работи Никола Димитров до крајот на месец да подготват информации со предлог активности за скрининг процесот.
– Преговоритте за членство се историска задача за институциите и за целото општество. Овој државен приоритет ќе го предводи владата, но во него ќе учествуваат и собранието, институциите, опозицијата, медиумите… – рече Заев.
Хан, пак, на седницата го претставил начелниот план како да тече скрининг процесот. Тој на прес-конференцијата со Заев кажа дека станува збор за вообичаен процес кој се спроведува со секоја земја пред почетокот на преговорите со ЕУ.