На СДСМ и одговара коалицијата со Беса и тоа е добро за нив, но тоа не им одговара на Беса и на интересите на Албанците, рече вицепремиерот и функционер на ДУИ, Бујар Османи во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија Алсат-М.
Според него, оваа коалиција би можело да го загрози принципот на Бадентер.
– На СДСМ и одговара и е добро што го прави ова со Беса. Но, тоа не им одговара на Беса и на Албанците, бидејќи го ризикува принципот на Бадентер, чија суштина е консензуалноста или консензуалната интеграција, која произлегува од Охридскиот договор. Ова се концептуални разлики кои се природни – рече Османи.