Османи и Нухиу не добија дозвола да го посетат Морина

695

Кривичниот суд во Скопје го одби барањето на вицепремиерот Бујар Османи и на заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу да го посетат во затвор Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово.

Повикувајќи се на член 178 од Законот за кривична постапка, судот ги известил Османи и Нухиу дека не може да посетат притвореник.

Во овој член од законот пишува дека посетите на притвореник ги одобрува судија на претходна постапка и дека притвореникот може да го посетат блиски роднини, амбасадори, народен правобранител, а по барање на притвореникот може да го посети лекар и други лица.

Вицепремиерот Бујар Османи во телефонски разговор за ТВ21 рече дека ја почитува судската одлука, но дека сепак пронашол начин да му се обрати на Морина и да му даде до знаење дека прават сѐ за да не биде екстрадиран во Србија.

На 24 јули, македонската полиција го уапси поранешниот член на ОНА, Томор Морина, по потерница од Интерпол издадена по барање на Србија. Барањето за екстрадицијата в понеделник ќе се најде пред надлежниот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...