Вицепремиерот за европски прашања, главен политички преговарач и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ Бујар Османи и посебниот советник на премиерот за евроатлантски интеграции и главен технички преговарач и шеф на преговарачкиот тим, Бојан Маричиќ денеска ќе ја информираат јавноста за претстојните случувања во рамки на процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ.
Османи и Маричиќ на крајот на јули беа назначени да ги предводат политичкиот и техничкиот тим за преговори на Република Македонија за влез во ЕУ.