Османи: Излезе на виделина дволичноста на политиките на малите партии

293

Симболички е фактот што ВМРО-ДПМНЕ и малите албански политички партии некако ја официјализираа соработката, со што излезе на виделина дволичноста на политиките на овие мали партии, кои целиот напад врз ДУИ во последните 10 години го базираа на фактот дека е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е одговорот од вицепремиерот Бујар Османи на новинарско прашање дали владејачката коалицијата го губи мнозинството по вчерашното заедничко гласање во собраниска Комисија за избори и именувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Беса.

– Граѓаните можат се да ви простат, но не можат да ви простат неконзистентност и дволичност и играње со нивната доверба. Сега, доколку 10 години градите политика на основа на оваа соработка што тогаш се засноваше на волјата на граѓаните од двете етнички заедници и сега наеднаш без срам тоа го правите и тоа во пресрет на важни политички момент за државата, зборува повеќе за нив – изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот Османи, на која заедно со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и Фрек Јанмат од Делегацијата на ЕУ во земјава го промовираа првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Србија 2016 – 2020.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...