И покрај различното толкување на резултатите од референдумот помеѓу власта и опозицијата, има простор да се обезбедат пратеници за имплементација на Договорот од Преспа преку уставните измени, тврди вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи за 1ТВ.
Како што вели тој, ниту ДУИ ниту СДСМ не се за предвремени избори како најлесна алтернатива, и затоа верува во политичката волја на опозициските пратеници дека ќе го надраснат политичкиот интересе и кога ќе дојде моментот да се притисни копчето во Собрание, ќе одберат иднина и стабилност.
Коментирајќи ја средбата меѓу партискиот лидер Али Ахмети и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, Османи за 1ТВ вели дека таа средба е со цел да се вклучи опозицијата во решавањето на едно натпартиско прашање.