Османи: За време на романското претседателство очекуваме потврда на одлуката за почеток на преговори

137

Преземањето на шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ од страна на Романија, доаѓа во еден од најтурбулентните периоди на Европа, во пресрет на предизвиците од претстојните избори, сѐ уште неразјаснетите околности под кои ќе се одвива Брегзит, истакна вицепремиерот Бујар Османи на средбата со премиерката на Романија Виорика Данчила.

– Дозволете да ги пренесам нашите уверувања дека, како земја – кандидат, ќе дадеме соодветен придонес во остварувањето на вашите приоритети како претседавач, имајќи предвид дека истите претставуваат вредности кои целосно се совпаѓаат со нашите државни приоритети – рече Османи.

– Искрена благодарност и за вашата иницијатива процесот на проширување да го одржите високо на агендата на вашето претседателство, како еден од фундаменталните елементи за обезбедување на вториот приоритет – безбедна Европа – истакна Османи на средбата, изразувајќи уверување дека Република Романија, неповратно ќе се вгради во историјата на Македонија, како земја под чија палка земјава ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни оваа година.

За време на посетата, Османи ќе оствари средби и со повеќе претставници на владиниот и државен врв. Негов домаќин е Министерот делегиран за европски прашања, Џеорџе Чиамба, а ќе оствари средби и со Министерот за Надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи веќе оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...