Османи: Заев и Ахмети ќе одлучат дали ќе го сменат Хазби Лика

379

Лидерите на партии да одлучат дали треба да се прави реконструкција на Владата или измени во кадровските решенија, изјави вицепремиерот Бујар Османи за МИА, за  проблемот со непојавувањето на вицепремиерот задолжен за спроведувањето на Рамковниот Договор, Хазби Лика во владата.

– Сепак претседателите на политичките партии кои ја сочинуваат коалицијата имаат право да проценат за резултатите на Влада, на поединечни кадровски решенија или пак да понудат измени на тие кадровски решенија, ние сме министри предложени од овие политички лидери и ја завршуваме нашата работа согласно законот и ја реализираме програмата на Владата. На господинот Заев и на господинот Ахмети е таа одлука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...