Османи до Блок: Се согласуваме за „строг и фер“ пристап во процесот на проширувањето

55

Подготовката на земјата за почеток на пристапните преговори, со посебен акцент на подготовката на тимот и структурата за преговори, за предизвиците поврзани со претстојниот референдум во однос на Договорот од Преспа, како и за севкупната поддршката на нашата земја од страна на Кралството Холандија, биле темите на средбата на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок.

– Холандија претставува еден од најцврстите поддржувачи на Република Македонија и нашите интегративни процеси, но и земја со која традиционално имаме исклучително успешна соработка. Оваа поддршка секако ја очекувам и во овој клучен период за земјава – изјави Османи.

Тој посочи на чувствителноста на периодот во кој се наоѓа земјата, особено во насока на исполнување на обврските за европските и евроатлантските интеграции.

– Како земја, која долги години се наоѓа во претпристапниот процес, Република Македонија се чувствува подготвена и се согласува за т.н. „строг и фер“ пристап во процесот на проширување, почивајќи на фер мерит систем на вредности, изјави Османи, потенцирајќи дека само цврста, силна и обединета Европа ќе претставува гарант за безбедноста на целиот континент, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...