Османи: Датумот за преговори е пресвртна точка за евроинтеграцијата

164

Напредокот во соработката меѓу двете земји, особено прекуграничната соработка, за европските перспективи на Западниот Балкан во евроинтегративните процеси, како и очекувањата од претстојните самити на Европската Унија, се темите на кои разговарале вицепремиерот Бујар Османи  и Хашим Тачи претседател на Косово денеска во Приштина.

– Датум за преговори за Република Македонија, претставува пресвртна точка за нашите европски интеграции, но и важна одредница за европските перспективи на целиот Западен Балкан – изјави Османи, изразувајќи притоа задоволство што целиот регион забележително се движи во европски правец и постои кредибилна перспектива за напредок за секоја од земјите.

– Затворивме исклучително комплексен и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што претставува меѓудржавен дипломатски успех кој верувам ќе се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион – истакна Османи, додавајќи дека заедно со успешното имплементирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, на дело ја демонстрира сериозноста и зрелоста на Македонија и нејзините соседи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...