Османи во Романија: Со заеднички напори може да создадеме безбедна и стабилна Европа

47

Предизвиците и преспективите од романското претседателство со Европската унија биле тема на разговор на средбите што вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги оствари за време на неговата посета на Романија.

Покрај средбата со премиерката Виорика Данчила и со министерот за европски прашања Џеорџе Чиамба, вицепремиерот Османи се сретнал и со  министерот за надворешни работи Теодор Малешкану и министерката за европски фондови Рована Плумб.

Во романскиот парламент, Османи остварил средби и со претседателката на Комисијата за европски прашања Габриела Крету и со потпретседателот на Домот на претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

– Националните парламенти играат многу важна улога во хармонизацијата на законодавствата и нивното усогласување со европското законодавство „АКИ“ и во оваа насока очекувам засилени активности во претстојниот период, особено во насока на меѓусебна соработка меѓу двата законодавни дома како и искористување на романското искуство во овој процес – истакнал Османи.

Во рамки на средбите, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ја отворил темата и за распоредот и дистрибуцијата на ИПА средствата, како еден од важните елементи за поддршка на европските интеграции и европеизацијата на земјата.

На средбите било разговарано и за предизвиците со кои се соочува Европската Унија, како што се претстојните локални избори, имплементацијата и евентуалните последици од Брегзит, миграцијата, се пожестокиот фундамнтализам, лажните вести итн., при што било констатирано дека овие предизвици се заеднички за целиот континент и оти со заеднички усогласени активности може да се направи соодветна одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...