Османи во видео порака на француски јазик од Париз бара потврда за поддршка на евроинтеграциите

533

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи преку видео порака на француски јазик, а во пресрет на утрешната посета на Париз, вели очекува дека ќе се потврди поддршката за евроинтеграциите на Република Северна Македонија од страна на Франција, со што ќе се отвори патот за почеток на преговорите со Унијата на претстојните самити.

Тој во видеото додава дека заминуваат на историска посета на Париз, во пресрет на европските пролетни самити, кога Република Северна Македонија, очекува одлука за започнување на преговорите со Европската унија.

Османи најавува дека во Париз ќе оствари средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон, каде што ќе ги претстави резултатите и подготвеноста на нашата земја за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

– По октомврискиот неуспех, се појави и лажен впечаток дека постојат разлики во нашите заеднички интереси, во нашата заедничка цел да обезбедиме посилна, постабилна и пообединета Европа. Денеска, кога пред нас ја имаме новата методологија за преговори, се отстранува и последната пречка за остварување на нашите заеднички цели – посочува Османи во видео пораката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...