Османи: Брисел е многу чувствителен на непотизмот

За тоа дали функционерите на ДУИ ќе го испочитуваат повикот на премиерот Зоран Заев, Османи одговори дека пристапот на повлекување роднини е погрешен.

631

Не очекувајте дека нашите семејства ќе чекаат да ги завршиме нашите политички кариери, за да ги почнат своите. Сите функционери имаат сестри, браќа, само јас имам 100 братучеди! Дали тоа значи дека сите тие, додека трае мојот мандат, не смеат да се вработуваат, изјави вечерва вицепремиерот Бујар Османи во интервју за емисијата „24 Анализа“.

Тој појасни дека моралот се крши, доколку несоодветен човек се прими на работно место.

– Тоа го кажуваме и во Брисел, дека ако некој искористил работно место со тоа што се јавил некому и е примен на сметка на тоа друг да е оштетен, тоа е непотизам. Ако Антикорупциска каже дека е ставен несоодветен кадар користејќи политичка моќ, сите ќе се повлечат по сила на закон – вели Османи.

За тоа дали функционерите на ДУИ ќе го испочитуваат повикот на премиерот Зоран Заев, Османи одговори дека пристапот на повлекување роднини е погрешен.

Во врска со тоа дали е морално баџанакот на Џафери да го испитува вработувањето на неговата внука, Османи рече дека тоа е одлука на оние кои го направиле изборот и дека тие не се политичари.

Тој смета дека комисијата треба да се остави да си ја заврши работата.

– Има повреди и проблеми и тоа не се прави преку јавни конференции. Антокорупциска излезе со списоци дали се исполнети критериумите. Брисел е многу чувствителен на непотизмот. Сакам до јуни Антикорупциска да излезе со резултати. Ние сме на тест и нормално е дека и премиерот емотивно реагира во момент кога сме на тест и не е дозволена ниту една грешка – нагласи Османи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...