Граѓаните Албанци на вчерашниот референдум гласале во најголем можен број, тврди вицепремиерот Бујар Османи.
– НАТО и ЕУ се единствениот феномен кој ги хомогенизира сите граѓани на Република Македонија. Вчера граѓаните не гласаа како Албанци и Македонци туку како граѓани кои се за ЕУ и НАТО. Гласаа во максимален можен број колку што се наоѓаат во моментов во Македонија. Ако ги погледнете последните локални избори, а локалните се избори кога има најмногу излезност, Албанците вчера гласаа во поголем број отколку тогаш – рече Османи одговарајќи на новинарско прашање.