Ослободување од Македонија

„Ај нека не се изјаснуваат, ама бесрамноста како глупост и болест на психопати треба да се стави во јавен карантин, не само за жалосната персона ами за многумина други“, коментираше под мојот статус за Сузана, господинот Борко Зафировски.

1835

Една жена може да ни ги избрише сите солзи, но една Солза е доволна да ни се посере на сите врз главите. Првата се вика Уидед Башамауи. А втората се вика… „Жената-нобеловка не ни знае каде дошла…“ Вика Солза Грчева.

Ќе каже ли некој нешто за оваа, просто неверојатна дисквалификација на една од највеликите жени што некогаш стапнала на тлото на Македонија? Немам никакви претензии кон никого, но што е со женските организации и иницијативи, кои беа така воинствени во некои други прилики и теми. Сексуалното злоставување, да речеме. Со право, се разбира. Или околу темите за рамноправната застапеност на жените во политиката и во животот, воопшто.
Како можат да трпат во своите редови ваков монструм кој вика дека бил жена. Да се очешам од задникот на Сузана во автобусот број 23, што според Кетрин Денев, не би била некоја греота, тоа би било оквалификувано како сексуално вознемирување, молам, со право, но што е со менталното вознемирување што ми го прави Солзана!?

Кој ќе ме заштити мене?

Кој ќе ме заштити мене од тоа вознемирување!? Сергеј Варошлија со флоретот!? Или треба да формирам ми ту! Ги повикав Пировска, Ристиќ, Бужаровска, Милевска, да се изјаснат за овој солзотворен случај. Испадна дека ги боли таквото! „Ај нека не се изјаснуваат ама бесрамноста како глупост и болест на психопати треба да се стави во јавен карантин, не само за жалосната персона ами за многумина други“, коментираше под мојот статус господинот Борко Зафировски.
Јавен карантин! За тоа се залагам со години, како што се залагам против секаков вид сексуално и друго насилство врз жените. И врз децата. И врз луѓето воопшто. Но, освен Борко, нема други реакции. „Вечерва сум на канал тој и тој, гледајте ме“, порачува Сузана. И други персони порачуваат исти работи. Билјана вели: вечерва сум на… Ма, на кој курац си ти… во само вистина…ха… го исклучувам порниќот и се префрлам на тој канал, мастурбирам и го полнам леѓенот на масичката пред телевизорот со нова сперма.

Бев рекол дека нема да правам книги од мои текствови но, еве, што да се прави доаѓа книга во која се поместени колумни што беа објавувани во „Слободен печат“ од ноември 2016, до пред крајот на оваа година. Тоа значи дека материјалите третираат еден навистина драматичен период во кој влегува агонијата на злосторничкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ, смената на власта, со сета насилничка спектакуларност, отпор и пучистички претензии на врвот на злосторничкото здружение, до одредени форми на консолидација на новата власт, нејзините неверојатни успеси на надворешно-политички план и сериозните разочарувања од некои внатрешно-политички, кадровски и други позиционирања, што доведоа до важни нови раслојувања во општеството. Книгата требаше да се вика „Ослободување на Македонија“.

Знам дека насловот звучи претенциозно, но ако го разбереме ослободувањето како процес, а не како состојба или дефинитивно остварување, тогаш мислам дека може да помине. Македонија се ослободи од фашистичката и антимакедонска власт на ВМРО-ДПМНЕ, но се уште се нема ослободено ниту од таа злосторничка инсталација, ниту од нејзините таканаречени изворни принципи и идоли, се уште мака мачиме да се ослободиме од себе, односно од вишоците македонизам и тоа примитивен и глупав македонизам, работи кои не ни дозволуваат да полетаме, конечно, но се ослободуваме, бавно и мачно, како што се ослободувме и од идеите за некои магични решенија на некаква власт или на некаква моќна меѓународна инстанца.

Политичка проза

И затоа решив книгата да се вика „Ослободувањето од Македонија“. Методолошката и филозофската рамка на колумните е позната од порано, таа се базира на напорите за демитологизација на македонското постоење, на разбивањето на идеите дека од митовите можеме да правиме политички концепти, на стереотипите што не оптоваруваат, на обидите да се влезе под појавноста на нештата што свесно и манипулативно ја диктира неформалната коалиција на политичката и медиумска квазиелита. Нема некои новини и во однос на стилот.
Атанас Вангелов, повикувајки се на руските формалисти, откри дека тоа е, можеби, форма на карневализација на јазикот при што се мисли на јазични адаптации преку кои може да се пробие оклопот на еден тоталитарен режим, кој со таканаречениот нормален јазик не може да се пробие. Изразот нема пежоративно значење, како што може да се причини на прв поглед. Го прифаќам тоа значење, но забележувам дека терминот премногу го одвлекува вниманието од сериозноста на проблемот, му дава една неадекватна, фолклорна или забавна, би рекол, димензија.

Освен тоа, карневализацијата е само еден дел од мојот напор. При испрашувањето во Јавното обвинителство, во својство на осомничен, а во врска со пријавите за повеќе кривични дела што ги поднел Кабинетот на претседателот и други луѓе во врска со статусот „Кил Миц“ за Христијан Мицкоски, јас ја симнав наметката на скромноста и му реков на обвинителот дека јас не пишувам новинарство туку вискостилизирана политичка проза која на моменти преминува во поезија. Хахаха! Како и да е, еве го тука тој труд, па секој нека суди.

Како што беше најавено, книгата ќе излезе за Нова година, а промоцијата е околу 10 јануари, убав термин, меѓу Новата и Старата нова година, кога сите сме по малку мамурлии, мирисаме на греана ракија и на сарми, убава атмосфера за прикажување околу политиката, иднината и минатото што си го влечеме како опашка на некоја комета (Гомбрович).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...