Ослободителна пресуда за екс директор на штипски „Исар“

545

Судечкиот совет од Основниот суд во Штип денеска му изрече ослободителна пресуд на поранешниот директор на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, кој беше обвинет за изборен поткуп за време на Локалните избори 2017 година. Неговиот адвокат Марјан Михов вели дека обвинението било темелено само на вербални докази.

– Обвинението беше дека вршел притисок, дека нудел вработувања, нудел различни бенефиции за да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, но сето тоа беа вербални докази и не беа поткрепени со ниту еден доказ, имаше и контрадикторни изјави. Судот го утврди тоа во текот на постапката и денеска беше ослободен од обвинение – вели Михов.

Според Бојаџиев се пуштаат обвиненија коишто не се издржани и се оцрнуваат луѓе кои не се осудени.

– Секоја пуштена кривична пријава има своја тежина, меѓутоа таа треба да се докаже – вели Бојаџиев.

Инаку, кривичното дело за изборен поткуп е едно од најтешките, а затворската казна за оние кои би биле прогласени за виновни би била од четири до 20 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...