Ослободен татко што силувал ќерка, граѓаните протестираат поради застарени закони во Јапонија

Судот пресуди дека таткото е виновен за сексуалното злоставување на ќерката од нејзината 13 до 19-годишна возраст, а тој признал дека бил насилен кога таа му се спротивставувала. Но, тој е ослободен бидејќи законот бара од обвинителите да докажат дека имало употреба на сила, закани или дека жртвата во целост била онеспособена.

224

Демонстрантите, кои се борат за правата на жените денеска шестпати протестираат на улица поради застарените закони за сексуално злоставување откако маж беше ослободен иако сексуално ја искористувал својата ќерка со години.

Судот пресуди дека таткото е виновен за сексуалното злоставување на ќерката од нејзината 13 до 19-годишна возраст, а тој признал дека бил насилен кога таа му се спротивставувала. Но, тој е ослободен бидејќи законот бара од обвинителите да докажат дека имало употреба на сила, закани или дека жртвата во целост била онеспособена.

Пресудата, на која е поднесена жалба, предизвика гнев кај демонстрантите, кои денеска излегоа на улиците во повеќе јапонски градови. Изработена е и интернет петиција со која се бара каков бил сексуален однос без согласност од сите страни да биде дефиниран како силување.

Петицијата досега е потпишана од 47.000 луѓе и е поднесена до Министерството за правда.

Судот во најновиот случај на инцест призна дека девојчето било присилено на секс „против своја волја“. Исто така наведе дека е нејасно дали девојчето било „неспособно да се спротивстави“, па таткото е ослободен од обвинението за силување.

Јапонија во 2017 година го измени кривичниот закон за сексуални злосторства првпат во 110 години, признавајќи дека постојат и машки жртви и ја зголеми казната за силување од минималните три на пет години.

Но, барањето дека жртвата мора да докаже дека не можела да се спротивстави на нападот не е изменето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...