Ослободени раководителите на Фукушима

80

Јапонски суд денеска одлучи дека тројца поранешни директори на компанијата Токио Електрик Пауер не се виновни за професионална негрижа во несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година.

Тоа беше единствената кривична постапка после нуклеарниот инцидент кој расели десет илјади жители поради ширење на радијација и загадување.

Како што се наведува, поранешниот претседател на ТЕПКО, Катсумата (79) и двајца поранешни раководители на компанијата не се виновни ниту за предизвикување смрт на 44 постари пациенти чие здравје било нарушено после присилната евакуација од локалната болница.

Против нив беше покренато обвинение затоа што не го предвиделе цунамито кој ја погоди нуклеарната централа после земјотрес, како и за непреземање превентивни мерки кои би можеле да ја заштитат постројката Фукушима.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...